Од Министерството за надворешни работи на Грција, јавува дописникот на МИА од Атина, соопштуваат дека сите учесници на состанок ја истакнале важноста на проектот за локалната економија и за зајакнување на односите меѓу Грција, Македонија и Албанија.  Во однос на финансирањето на проектот, намерата е да се искористат средства од прекуграничната програма меѓу Македонија и Грција (interreg).

- Разговорите се фокусираа на неопходната подготовка за да се обезбеди пристап до преминот Преспа преку езеро и копно. Затоа, потребно е да се изгради пат како и објекти во кои ќе биде сместена царинска служба и пасошка контрола, соопштуваат од грчкото МНР, пренесува МИА.

На состанокот, освен шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас, учествувале и алтернативниот министер за цивилна заштита, Никос Тоскас, заменикот министер за економија, Екатерини Папанациу, префектот на областа Западна Македонија, Теодорос Карипидис, како и претставници на министерствата за одбрана и транспорт и врски.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 19:54
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар