Портпаролот на јапонската железничката компанија „JR East”, Шиничи Секи изјави дека возот стоел околу 15 часа и дека тргнал пред 10:30 по локално време.

Возот со четири вагони трнал од Нигате со еден час задоцнување кога веќе почнал да паѓа снегот. Меѓутоа, после 2.5 часа, снежните наноси биле толку големи што возот не можел да се движи.

Официјалните лица процениле дека евакуацијата на патниците ноќно време е премногу ризично поради високите снежни наноси.

Само пот патници кои не се чувствувале добро, биле евакуирани од возот.

„Ројтерс наведува дека во поедини северни и западни делови на Јапонија паднал 10 пати повеќе снег од просечната количина за ова време.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 18:44
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар