Повеќејазичните информативни табли и патокази што денеска се објавени во неколку медиуми се поставени многу одамна, а граѓаните извесен период сведочат за нивното постоење.
Како потврда за тоа е фотографијата во прилог, направена во мај 2017 година, на која што јасно се гледа дека веќе биле поставени овие табли пред повеќе од година и половина. 
Потсетуваме дека обврска на медиумите е да известуваат објективно и професионално во интерес на граѓаните. Пласирањето на неточни информации или обидите за манипулација со јавноста не се во интерес на граѓаните.
Останува фактот дека јавноста одамна ги препознава лажните вести и не потпаѓа под обидите за манипулации, се наведува во реакцијата на СДСМ.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 15:52
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар