Народните избраници ќе останат со попразни џебови.  Парите за патните трошоци ќе се намалуваат двојно од досегашните.
Денеска пратеничката група на СДСМ и Коалицијата до претседателот на Собранието Џафери поднесе иницијатива со која од спикерот бараат да преземе мерки за дебата помеѓу координаторите на пратеничките групи за регулирање на надоместокот за трошоците, за престој и превоз на пратениците кои патуваат со сопствено возило.  До Собранието доставија и два Законот за пратеници и Законот за плати за избрани и именувани функционери.

Целтта е да се намали можноста за злоупотребата на трошоците наменети за патување на пратениците од внатрешноста на државата.

Според пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ  една таква иницијатива до Џафери била доставена на 1 декември но до денеска немало одговор, ниту од него ниту од друга пратеничка група. Тунтев ја остава отворена можноста во законот да интервенира и опозицијата се со цел да се дојде до заедничко прифатливо решение. 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 15:18
Весна Велкова Тодоровска
Обновено во: 15:25

коментари

остави коментар