Тој особено внимание посветува на т.н иредентизам, и вели дека грчлата влада гарантира дека ќе постои решение само доколку постои јасна заложба македонската Влада дека ќе ги остават зад себе сите иредентистички и ултранационалистички ставови.

-Нашата позиција е едно име, ерга омнес, што ќе се користи за сите, а нашите соседи ќе го користат во внатрешноста, односно ќе постои и промена на уставното име за да можеме да се најдеме во полето за решение, вели Ѕанакопулос.

По вчерашанта средба Димитров-Коѕиас, денеска лидерот на грчката опозициска партија Нова демократија Кирјакос Мицотакис изрази загриженост дека владата наместо да се стреми кон национален консензус, води тајна дипломатија, без да ги извести партиите.
Во сите негови обраќања за време на дводневната турнеја во градови од Северна Грција, Кирјакос Мицотакис, ја споменуваше позицијата од 2008 од НАТО самитот во Букурешт, како национална линија.

- Кога разговараме за Букурешт, многу пати имам кажано и сакам да ви повторам, да запомните три работи: не е само името, името е едно од трите работи. Второ, употребата на името, она што го нарекуваме ерга омнес, односно употребата да биде за сите, а не да се однесува само на нашите билатерални односи, туку да се однесува на односите на таа држава со сите други држави и меѓународни организации. И трето, секако нешто што многу нѐ засега, а тоа е прашањето за иредентизмот и неприфатливите барања пренесени на географски карти, со споменици, имиња и обиди за злоупотреба на нашата историја и историското наследство на Македонија, рече Мицотакис.

Следната рунда од преговорите продолжуваат во среда во Њујорк. По вчерашната средба на Димитров и Коѕиас, испратија соопштение во кое изразуваат очекување Нимиц да претстави иницијална рамка со која суштински ќе се напредне во надминувањето на разликите околу името. Се согласиле и да имаат подиректна улога во разговорите, како и да подготват терен за средба на високо политичко ниво.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 14:24
Гоце Михајлоски
Обновено во: 14:56

коментари

остави коментар