Почит на загинатите им оддадоа делегации од Министерството за одбрана, Генералштабот на АРМ, Кабинетот на претседателот на Република Македонија, здружената оперативна команда, механизираната пешадиска бригата и членовите на семејствата на загинатите припадници.

Таткото на загинатиот пилот Бране Спасовски , истакна дека семејствата се борат да ја дознаат вистината , затоа што како што рече, има виновници.


Мировниците кои се враќаа во својата татковина по шестмесечната мисија во АЛТЕА, на 12 јануари 2008 година, околу 9часот и 30 минути полетаа со хеликоптерот МИ 17 од Босна и Херцеговина. Требаше да слетаат на воениот дел од скопскиот аеродром, а последниот контакт со контролната кула леталото го направило на шест милји од целта.

Случајот во Јавното обвинителство е затворен во 2011 година со образложение дека не се утврдени елементи на сторено кривично дело.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 14:02
Михаела Димовска
Обновено во: 17:46

коментари

остави коментар