Француските медиуми објавуваат неверојатни снимки од расчистувањето на пристапниот пат до селото Боневал – Сур- Арк , кое со денови е отсечено од светот . Пристапот до селото е блокиран од снежни наноси од лавина високи и до 10 метри .

Над 250 жители се целосно отсечени од понеделникот , но до синоќа било пробиен само тесен пат по кој се движеле автомобили.

Вчера беше оспособена и железницата во Швајцарија , каде во местото Зермат беа заробени 13 000 туристи .

Дел од нив го напуштија одморалиштето и со хеликоптери.

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 12:37
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:44

коментари

остави коментар