Истрагата сега утврдува дали разбојниците се припадници на озлогласената банда „Пинк Пантер “ . Тројца од петмината разбојници се веќе уапсени додека се обидувале да избегаат на мотори , откако со оружје и секири упаднале во златарницата во холот на хотелот и го украле накитот.

Полицајците со електрошокови ги неутрализирале тројцата , додека другите двајца избегале .
Торбата со накит подоцна била пронајдена, откако му испаднала од мотороти на еден од двајцата што избегале .

За француските медиуми овој грабеж потсетува на сценариото на познатата група разбојници ,,Пинк Панетер” .

Од друга страна , Британските медиуми поставуваат дилема со фактот дека ,,Пантерите “ за бегство од местата на кражбите користеле луксузни автомобили , а не мотори .

Двајца од тројцата проведени им е позната на полицијата по кражби на продавници со накит.

Хотелот ,,Риц" е во сопственост на таткото на Доди Ал Фајед , пријателот на принцезата Дајана . Токму од таму Доди и Дајана излегоа на последното патување пред да загинат во тунелот во Париз во 1997 година. 

Хотелот неодамна беше отоврен по петгодишното реновирање и во него отседнува светската елита . 

Датум на објава: петок, 12 јануари 2018 во 12:17
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:44

коментари

остави коментар