Полицијата од градот Фрајбург соопшти дека станува збор за еден од најсериозните случаи на педофилија .
Меѓу уапсените е и 47 годишна Германка  , која дозволувала силување на сопствениот син за пари . Таа и нејзиониот 37 – годишен партнер се обвинети дека и самите го злоставувале  детето.
Меѓу уапсените е и 37 – годишен Швајцарец , 32 – годишен Шпанец , како и уште двајца Германци , меѓу кои и еден 49- годишен војник стациониран во Франција.
За случајот полицијата дознала во септември минатата година по добивањето анонимна дојава .

Полицијата соопштила дека денеска уапсила уште двајца Германци поврзани со истиот случај , од кои едниот на возраст од 43 години изразил желба да убие дете.
Меѓу предметите најдени кај него биле и справи за врзување.

Другиот Германец , маж на 32 години е осомничен за злоставување на сопствената ќерка.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 21:50
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар