По пет години престој во азил во амбасадата на Еквадор во Лондон , Асанж доби државјанство .
Министерството за надворешни работи на Еквадор соопшти дека денеска е донесена конечната одлука за да му се додели државјанство на Џулијан Асанж додека не се најде начин за решавање на неговата состојба.
Асанж во 2012 се засолни во амбасадата на Еквадор во Лондон , одбивајќи да замине за Шведска , каде требање да биде испитуван под сомнение за силување.
Тој се плашеше дека Шведска ќе го екстрадира во САД , поради објавените тајни воени документи за војните во Ирак и Авганистан .
Од тие причини Еквадор му овозможи политички азил .

Британското МНР го отфрли барањето на Еквадор да му одобри дипломатски статус на Асанж , кој инаку е Австралиски државјанин по земјата на раѓање.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 19:11
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар