Освен тоа, како што стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, нема никаков план за ветувањето за изградба на нов театар во градот како што велеше градоначалникот Илија Јованоски на локалните избори во октомври 2017 година.
Локалната самоуправа ги демантира наводите во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Вели, станува збор за манипулации и дезинформации.
- За населбата „Три багреми“, со одлука на Владата, преку Министерството за транспорт и врски, на сметката на Општина Прилеп на крајот на минатата година се префрлени 2,5 милиони денари за поставување трафостаница и други инфраструктурни зафати. Следната недела претставници од ЕВН, актуелниот пратеник Самка Ибраимоски- ексминистер без ресор и градоначалникот Илија Јованоски на средба во Прилеп ќе ги додефинираат следните чекори за подобрување на инфраструктурата во оваа населба, која претходната локална власт ја имаше оставено целосно на маргините, наведува СДСМ.
Новиот театар, пак, нагласуваат, ќе биде изграден до крајот на мандатот на градоначалникот Јованоски.

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 17:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар