Оваа велосипедско-пешачка патека е дел од поврзувањето кое се реализира во рамки на проектот „Скопје Велоград“ и е со вкупна должина од околу два километра, на потегот од крстосницата со булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ до крстосницата со улицата „Скупи“ (Хубо Маркет). По завршувањето на овој дел од велосипедската патека градежните работи ќе продолжат и на преостанатиот дел на ова поврзување.

- Овој конектор е од исклучителна важност поради тоа што треба да ги поврзе рутите 1 и 3, поточно велосипедската патека по должината на булеварот „Илинден“ (рута 1) со велосипедската патека по должината на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (рута 3), се вели во соопштението од Град Скопје.

Градските власти ги продолжуваат своите активности и заложби Скопје да прерасне во велосипедска метропола. Во 2018 година во буџетот на Град Скопје за изградба и реконструкција на велосипедски патеки се предвидени 30 милиони денари. /МИА

Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 13:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар