Стружани веќе нема да имаат забрана за пиење на водата при секој дожд. Отсранет е проблемот во каптажата на изворите во Шум,  а извршено е и перење на целиот воводоводен систем во струшко.

- „Проблемот беше од технички карактер, односно при поројни дождови површинската вода навлегуваше во една од каптажите во системот, кој технички пропуст веќе го имаме отстрането“, вели Владимир Алексијоски  директор на МЈП Проаква.

Проблемот бил навлегување на површинска вода во една од каптажите на изворите.

–„Кога доаѓаат обилни дождови влегува во цевоводот вода и ја мати водата. Треба во тоа време да ја откачиме петтата каптажа и е немаме проблем“, вели Рамиз Мерко градоначалник на општина Струга.

Надлежните најавија  поголема санација на петтата каптажа и пумптната станица.Градежните зафати се предвидени на пролет. 


Датум на објава: четврток, 11 јануари 2018 во 12:29
Соња Рилковска
Обновено во: 14:26

коментари

остави коментар