Тој се качил на една висока карпа од околу метар и половина, ги раширил рацете и скокнал за да направи добра фотографија за роденденот.

Меѓутоа, не се приземјил добро. Изгубил рамнотежа и паднал во провалијата длабока околу 50 метри.

Неговите пријатели кои го снимале и фотографирале веднаш притрчале да му помогнат но безуспешно.

Човекот кој имал 38 години починал во болница и покрај напорите на докторите да му го спасат животот.

Инцидентот се случил на бедемите на една тврдина во градот Урфа кој се наоѓа во јужна Турција.

Тој паднал покрај еден курдски ресторан, а лекарите го префрлиле во болница каде и починал.


Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 16:42
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 17:12

коментари

остави коментар