За оние кои што сакаат да се ослободат од своите домашни миленици, Зоолошките градини од Копенхаген и Гивскуд се подготвени да ги преземат, со цел со нив да ги нахранат крволочните животни како што се лавовите, тигрите, волците и други.

Тие кои што ќе сакаат да донираат коњ, ќе мора да почекаат три месеци поради слабите капацитети на замрзнување, додека пак помалите миленици веднаш можат да бидат преземени.

Моментално, Зоолошката градина во Копенхаген добива од пет до шест глодари (најчесто зајаци) месечно и тие секогаш велат дека се отворени за „животински донации“.

„Добро е дивите животни да имаат разновидна храна, да не јадат само коњско месо или говедско. Покрај тоа, тие го добиваат и крзното кое што им е потребно за забите, а цревата на глодарите се многу здрави за нив“, изјавила Ен-Софи Елер, чувар на животни.

Зоолошките градини не се отворени само за бесплатна храна, туку на донаторите им даваат и „психолошка поддршка“. На родителите кои што ги донирале миленичињата на своите деца, ги советуваат од приказните за „рајот за зајаците“. Во духот на данските Зоолошки е да се прикаже природата – природно, без животинското царство да се идеализира како во цртаните на Дизни.

Затоа, поранешните сопственици имаат право да присуствуваат на погубувањето на своите миленици.

Датум на објава: среда, 10 јануари 2018 во 12:47
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:22

коментари

остави коментар