Група Mакедонци за Канал 5 велат дека останале шокирани кога пристигнале во гратче близу Братислава каде требале три месеци да работат во фабрика за телевизори на познат корејски гигант.  Се требало да биде поинаку, барем според ветувањата на организаторот на турата. 30 годишен Скопјанец кој на несудените гастербајтери им ветувал брда и долини. Од шеесет члената група која во неделата заминала во Словачка, денеска се вратиле само 32ца. Велат дека истиот организатор има нова тура закажана за 23 јануари, затоа апелираат до граѓаните да бидат внимателни доколку се дел од ваква сомнителна понуда.

Сакале да ја контактираат македонската амбасада во Словачка, но велат дека не им било дозволено. Велат дека случајот го пријавиле во полиција и дека се загрижени за останатите дваесет луѓе кои останале во Словачка.

Канал 5 стапи во контакт и со организаторот на групата, кој рече дека утре ќе соопшти повеќе информации за случајот, откако ќе го даде својот исказ во полиција.  Од МВР ја потврдија пријавата, велат дека работат на расчистување на случајот. 


Датум на објава: вторник, 09 јануари 2018 во 17:14
Михаела Димовска
Обновено во: 17:31

коментари

остави коментар