И покрај тоа, 57-годишниот музичар не ги оддава деталите од искуството. 

Ирскиот пејач има историја на рак во 2000 година, тешка несреќа со велосипед – пет години подоцна, а во 2010 година влезе во болница за итна операција на грбот.

После тоа, тој се опорави и бендот ја направи една од најуспешните турнеи.

Боно вели дека додека го снимал новиот албум, ја  чувствувал смртта – чувство кое може да биде физичко или психолошко.

Целосното интервју со Боно е во јануарското издание на списанието “Ролинг Стоун”, на кое неговиот лик се наоѓа насловната страница.

Изведувачот отишол на лекар,и  се покажало дека работите не биле само во главата, туку дека имал сериозни физиолошки причини поради страв од смрт.

Боно вели дека е среќен, но намерно не открива повеќе детали.

Тој на шега ги споредува настаните во неговиот личен живот со “политичката апокалипса што се случува во Европа и Америка”.

Датум на објава: понеделник, 08 јануари 2018 во 16:39
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар