Русинката која е на возраст од 74 години во болница дошла поради друг здравствен проблем. При прегледот и е извршена гастроскопија, за да се провереле можната анемија.

Докторката Ирина Голишева, која го извршила прегледот утврдиле дека грлото на пациентката е во идеална состојба, за потоа ендоскопот да открие неочекувани работи во нејзиниот желудник, во него имало огромна количина на метални предмети. .

По деталните прегледи било утврдено дека станува збор за клинци, шрафови, матици...Докторката прво се обидела да ги извади со ендоскоп но успеала да извлече само 4 клинци. Потоа итно бил повикан хирург кој ја оперирал 74 годишната Русинка.

На крајот од стомакот на Русинката биле извадени 152 предмети меѓу кои и  долги клинци, големи шрафови, матици, резе за врата, делови од арматура долги и до 15 сантиметри , дури и сребрено лонче.

Пациентката не можела да им објасни на докторите како овие метални предмети се нашле во нејзиниот стомак, поради тоа што во минатото преживеала мозочен удар по кои делумно ја изгубила моќта на говорот. 

Датум на објава: понеделник, 08 јануари 2018 во 12:22
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:12

коментари

остави коментар