Водителот Сет Маерс изјави дека вечерта во центарот на вниманието ќе биде сексуалниот скандал без преседан кој го потресе Холивуд во 2017 година.

„Постојат луѓе кои очигледно ја преминале црвената линија и тоа треба да биде како нешто позитивно да ги исмеваме цела вечер“, вели хумористот во изјавата за Њујорк Тајмс.

Се очекува вечерта да биде спомнат холивудскиот продуцент Хајви Вајнстин кого повеќе од 100 жени го обвинија за сексуално вознемирување и силување. Во екот на скандалот, многу други холивудски ѕвезди беа обвинети за сексуално вознемирување како Кевин Спејси, Даситн Хофман и Џефри Тамбор, како и продуцентите и режисери Брет Ратнер и Џон Лејсетер.

Многу актерки, меѓу кои Џесика Честејн и Риси Витерспун, ветија дека на церемонијата ќе дојдат во црно за да оддадат признание на жртвите на сексуално вознемирување. Двејн Џонсон најави дека ќе се приклучи.

Што се донесува на самото доделување на наградите, филмот „The Shape of Water“ на мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо е фаворит со седум номинации. Следува остварувањето „Pentagon Papers“ за објавувањето доверливи документи за Виетнамската војна.

Актерите Гери Олдман во улога на Винстон Черчил и младиот актер од француско потекло Тимоте Шаламе во филмот „Call me by your name“ се фаворити за наградата, а според најавите, Златен глобус за најдобра актерка може да добијат актерките Сели Хоукинс или Френсис Мекдерманд.

Телевизиската мини-серија „Big little lies“ за злоупотреба на жените, која се емитува на (HBO), може да добие награда за најдобра мини-серија.

Церемонијата на доделување на наградите во живо ќе ја пренесува NBC, наградите ќе ги врачуваат минатогодишните добитници, меѓу кои Изабел Ипер, Ширли Меклејн, Рики Мартин и Шерон Стоун.

Познатата американска телевизиска водителка и продуцентка Опра Винфри ќе ја добие наградата „Сесил Б. де Мил“ која традиционално се врачува на доделувањето на Златните глобуси.

Златен глобус, американска филмска награда која од 1944 година ја доделува Холивудското здружение на странски новинари (HFPA) е показател кои филмови би можеле да бидат наградени со престижниот Оскар. Доделувањето на Оскарот пак, е закажано за 4 март.

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 17:36
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар