Некои од нив се одлучиле на тој чекор поради своите предци, некои поради партнерот, а други пак поради љубовта кон православната вера.

Актерот Кристијан Бејл ја прими православната вера после венчавката со Сандра Сиби Блажиќ, манекенка со српско потекло.

И британската манекенка Наоми Кембел, одлучи да го слави Божик по Јулијанскиот календар поради својот партнер – рускиот тајкун Владислав Дороњин.

Иако е родена во Лос Анџелес, ѕвездата на ријалити шоу програмите Ким Кардашијан, која е со потекло од Ерменија, денеска го прославува Божик.

Легендарниот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер минатата година покрај католичкиот, го одбележа и православниот Божик, заедно со својата сопруга, поранешната тенисерка Ана Ивановиќ, а се очекува така да биде и оваа година.

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 16:40
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:30

коментари

остави коментар