Последните четири водителки ќе бидат – Хелен Мирен и Ема Стоун, Анџелина Џоли и Џенифер Анистон.

Веста дека на бината заедно ќе се појават некогашните ривалки, кои зад себе имаат брак со актерот Бред Пит, ги изненади сите, а посебно бидејќи тие две не се појавиле на исто место и во исто време се од доделувањето на наградите од Здружението на филмски критичари во 2015 година.

Оваа година, фокусот на цела церемонија ќе биде меѓусебната поддршка и охрабрување на жените, посебно после успехот на неодамнешната кампања #МеТоо и движењето „Time’s Up“, кои се поврзани со скандалите околу сексуалното злоставување во Холивуд.

Организаторите сметаат дека двете поранешни ривалки ќе испратат јавна порака во јавноста, ако застанат една покрај друга.

И Џенифер Анистон и Анџела Џоли се познати по јавното застапување на женските права во Холивуд.

Анистон неодамна донираше половина милион долари за кампањата „Time’s Up“, додека Анџелина Џоли откри дека имала „лошо искуство“ со Харви Вајнстајн во хотелска соба кон крајот на 90-тите години од минатиот век.

Датум на објава: недела, 07 јануари 2018 во 10:58
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:29

коментари

остави коментар