Зад песната „Добро јутро тајно“ како автор на музика и текстот се потпишува хит-мејкерот Бане Опачиќ, додека аранжманот е на Маријо Пајиќ. Песната е комплетен подарок од продукцијата „Гранд“, додека спотот е снимен по идеја на Ристе.

Пантомимичарот Мето Јанакиевски и манекенката Андреа Златков се ликовите кои се појавуваат во видео приказната снимена во режија на Даниел Јовески.

Од почетокот на 2018-та година, дигиталната дистрибуција и заштита на авторските права на Ристески и продукцијата „Гранд“ ги презема компанијата IDJ DIGITAL која е дел од глобалната групација „United Group“.

„Чест и задоволство ми е да ви ја честитам Новата година и празниците со веќе долгоочекуваниот спот за мојата прва песна. Ова е првиот производ и се надевам дека ќе биде добро прифатен од целокупната јавност. Продукцијата „Гранд“ ги исполни сите ветувања, а веќе работиме и на нови проекти кои нестрпливо чекам да ги објавам“, вели Ристе Ристески.

Ристе Ристески како победник на минатогодишната сезона на „Ѕвездите на Гранд“ потпиша ексклузивен договор за работа во времетраење од 9 години со продукцијата „Гранд“, а доби и автомобил марка Шкода и две песни од автори по негов личен избор.

Датум на објава: петок, 05 јануари 2018 во 13:43
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 13:47

коментари

остави коментар