Медиумите од регионот објавија и детали за тепачката на дочекот на Нова година во Будва , каде се степаа Ален Исламовиќ и Младен Војичиќ – Тифа.

Кавгите почнале уште пред концертот , кога двајцата не сакале заедно да излез на сцената . Уште тогаш почнале да се пцујат и навредуваат .

По тоа , Ален излегол на бината и не сакал да се симне ниту тогаш кога почнал делот од концертот со песните на Тифа .

Исламовиќ продолжил да ги пее песните на неговиот колега . Тифа на тоа бурно реагирал . Кога изнервираниот Ален се симнал од бината , го удрил Тифа со глава во челото . На тоа Тифа вратил со удар во рамото , по што дошло обезбедувањето и настанала општа тепачка .

Горан Бреговиќ не се мешал во тепачката , освен што ги пцуел и двајцата .

На крајот , ниеден од нив не се вратил на бис на публиката во Будва .

Датум на објава: вторник, 02 јануари 2018 во 22:30
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:28

коментари

остави коментар