Хејли пред неколку дена наполни 22 години, а со оваа роденденска фотографија привлекла многу внимание.

Хејли Скот, најстарата ќерка на популарниот американски рапер Еминем, за својот 22 роденден на својот профил на Инстаграм објавила фотографија на која покажала дека сега, навистина, е голема девојка.



Згодната Хејли самата си посакала среќен роденден, додека мажите под фотографијата и пишувале пораки во кои ја фалеле и "ѝ нуделе" да и бидат емотивни партнери.

На фотографијата, Хејли лежи на црвен двосед, на себе има тесни фармерки и бела маица под која нема градник, па градите "делумно и испаднале"...

Инаку, Хејли пораснала со ќерката на нејзината тетка Алиана, која Еминем и Ким ја посвоиле бидејќи нејзината мајка не била во состојба да се грижи за неа.





Датум на објава: вторник, 02 јануари 2018 во 11:37
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 12:30

коментари

остави коментар