Еден од нив е Џибони , кој ќе ја дочека Новата година во луксузната марина Порто Монтенегро и за тоа  ќе добие импресивен хонорар.  Заедно со Српскиот пејач Жељко Јоксимовиќ ќе добијат 200 000 евра за да ги забавуваат гостите . 

Тони Цетински за Новата година ќе настапи во Подгорица . Тој ќе пее на градскиот плоштад , но од главниот град на Црна Гора не откриваат колкава сума издвоиле за неговиот настап.

Во Црна Гора на 31 декември настап ќе има и Северина . Таа , заедно со свекорот Драган Којиќ Кеба ќе ги забавува гостите во хотел во близина на Будва . Северина за ангажманот добива 70 000 евра , додека Кеба двојно помалку , 35 000 .

И Хрватскиот панк бенд ,,Ладно пиво” ќе ја испрати 2017 во Црна Гора. Заедно со легендарните Бијело дугме ќе имаат имаат концерт под ѕидините на Стариот  град во Будва . Градската управа за нивниот настап издвоила 100 000 евра.

И Јелена Розга настапува надвор од Хрватска , во Србија . Таа ќе ги забавува гостите во хотел во Белград.

Датум на објава: сабота, 30 декември 2017 во 18:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар