На програмата се хитови од светски познатите имиња Ријана, Ејми Вајнхаус, Алиша Кис, Емили Санде,... кои заедно со Оркестарот ќе ги изведат Наде Талевска, Лена Заткоска, Ирена Димовска, Марија Груевска и Ана Гаштарова.
- Вечерашниот концерт е кулминација на успешната концертна година и настапите во повеќе македонски градови, фестивалот „Охридско лето“ но и гостувањата во странство пред се во Сараево и Ниш. Со исти амбиции ќе ја почнеме и новата година бидејќи планирани се настапи во Португалија и Хрватска, како и на фестивалот „Рок Вилиџ 2018“ во Банатски Соколац, најави Владимир Димовски, диригент на Камерниот орксетар, во пресрет на вечерашниот концерт. 
Камерниот оркестар работи под покровителство на НУ Центар на култура - Битола годинава одржа заеднички концерти и со Влатко Стефановски, како и со унгарскиот виртуоз на виолина Роби Лакатош.

Датум на објава: сабота, 30 декември 2017 во 09:05
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар