Автор на стихозбирката под наслов „Љубовта на строфите“ е Аделина Муслиоска, ученичка од осмо одделение.

- Во збирката најмногу песни се посветени на мајката, децата, сонцето, хуманоста, среќата на младите. Ќе продолжам да пишувам и доколку се биде како што јас посакувам ќе бидам идна професорка по македонски јазик, рече Аделина.

Професорот по македонски јазик и литература и рецензент на книгата, Џевит Мифтаровски, искажа пофални зборови за стихозбирката и за авторката, која е одличен ученик.

На промоцијата, на која присуствуваа професори, ученици и граѓани се обрати и дректорот на улиштето Шанија Ајроски, кој рече дека ова е голем настан за нивната институција.

Во централното училиште во Долно Косоврасти и подрачните училишта во селата Горно Косоврасти и  Могорче настава на мајчин македонски јазик следат над 500 основци. /МИА

коментари

остави коментар