Во овој случај првоосомничениот, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс Сончев град во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, Министерството се обврзало во износ од 1 милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“. 

Датум на објава: четврток, 21 декември 2017 во 09:05
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 10:43

коментари

остави коментар