Согласно најавата на министерот за правда Билен Саљији на прес-конференцијата одржана по повод информирање на јавноста за извршениот увид во АКМИС-от, Министерството за правда информира дека извештајот од извршениот увид во функционалноста на информатичкиот систем и надзор над примената на одредбите од Судскиот деловник во судовите, е доставен на натамошно постапување до надлежните институции.

Напоменуваме дека извештајот се однесува на увидот кој беше извршен во Основниот суд Скопје 1 Скопје, Апелациониот суд Скопје и Врховниот суд на Република Македонија, од страна на работната група формирана од Министерството за правда а согласно надлежноста предвидена во Законот за судовите и Судскиот деловник.

Исто така напоменуваме дека во овој момент извештајот има статус на класифициран документ и истиот е означен со степен на доверливост.

Датум на објава: среда, 20 декември 2017 во 17:20
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар