Пет порази, и едно реми, тоа е севкупниот учинок на крајот од групната фаза за црвено-црните.

Црвено-црните добро го почнаа мечот, а голот дојде во 9. минута, најнапред Николов испрати топка кон казнениот простор на гостите, истата ја прифати Итало кој одлично се загради и ја смести во голот на Розенборг.

Во самиот финиш од првите 45 минути игра, Барсегјан имаше голема грешка кога од средината на теренот се обиде да ја врати топката назад до Гачевски, тоа го стори доста лошо, а на таа топка натрча Адегбенро.

Нигериецот беше незапирлив во дуелот со Новак, Украинецот немаше никакви шанси во оваа прилика а Гачевски на крајот го „собори“ во казнениот простор при што беше досуден удар од белата точка.

Сигурен реализатор беше Никлас Бендтнер за 1-1 од првото полувреме.

Резултатот 1-1 остана се до крајот на средбата, а Вардар го освои првиот бод во дебитантската сезона од Лига Европа.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 23:06
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар