Пожарите зафаќаат се поголема површина, а досега уништија околу 150 куќи. Автопатот меѓу Лос Анџелес и Вентура е затворен поради пожарот кој што ја зафаќата трасата над него, а наредена е евакуција и на областа Санта Барбара.

Во текот на ноќта, намалувањето на брзината на ветерот им овозможи на пожарникарите успешно да го одбранат одморалиштето Охајо, каде што 7 илјади жители добија наредби да се евакуираат.

Националната метеоролошка служба соопшти дека се очекува опасен налет на ветер, но дека пожарите нема да достигнат историски пропорции, како што претходно се очекуваше.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 21:04
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар