Обвинителите соопштија дека Матиа дел Кото го признал делото откако полицијата го претресла неговиот дом и нашла рецепти за талиум, безбојна, безмасна и безвкусна мешавина која е многу токсична.

Италијанските медиуми со недели шпекулираат за мистериозните случаи на труење откако беа пронајдени траги од талиум во чајот кој го пиеле членовите на семејството.

Бабата и дедото се разболеле кон крајот на летото и починале во октомври.

Некои членови на семејството пренесени се на невролошкото одделение во болница.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 19:29
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар