Актерот на почетокот на ноември ја шокираше јавноста со именувањето на педофилот кој го злоставувал кога имал само 14 години. Во таа прилика истакна дека иако после злоставувањето и се обратил на полицијата, неговите жалби биле игнорирани.

Фелдман неодамна повторно дигна голема прашина во медиумите, со тврдењето дека пронашол аудио снимка од полициското сослушување кои планира јавно да ги објави на интернет.

Одлуката прилично ги вознемири неговите фанови кои стравуваат за неговиот живот.



Изјавата на Фелдман доаѓа само 24 часа откако шерифот на округот Санта Барбара признал дека успеал да ги пронајде споменатите снимки, иако претходно го негираше нивното постоење и упорно тврдеше дека актерот лаже.


Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 17:59
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 18:00

коментари

остави коментар