Ова се дел од забелешките од извештајот по контролите на електронското распоредување во Кривичниот, Апелациониот и во Врховниот суд. Само во скопска единица, е констатирано дека постојат 860 предмети во кои нема доделен судија. Извесна е точноста на статистичките податоци во извештаите за работата во Кривичен и на судиите. За две години годишниот распоред бил менуван и 10 пати.

„Претседателите на судовите да поднесуваат извештај за реализација на нивната програма за работа до Судскиот совет на Република Македонија, а претседателите на повисоките судови да изготвуваат мислења за работата на претседателот на судот“, изјави министерот за правда, Билен Саљији.

Извештајот од правда ќе се достави до надлежните институции за да постапуваат, бидејќи министерството само констатира забелешки, изјави Саљији. Увидот на АКМИС Системот ќе продолжи и во преостанатите судови во земјава.   

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 17:20
Игор Стефановски
Обновено во: 17:30

коментари

остави коментар