Павлопулос, исто како и за Турција, така и за Македонија и Албанија рече дека почитувањето на меѓународното право како и европското законодавство  се услови за интеграција во ЕУ. Ердоган пак, не одговори на овие пораки од неговиот грчки колега.

„Бидејќи знам дека се интересирате за европската иднина на останатите земји од Балканот, истото што го кажав за иднината на Турција, важи и за останатите земји. Грција се залага и за европска перспектива на поранешната југословенска република Македонија и на Албанија, но и таму постојат предуслови што се однесуваат на почитувањето на меѓународно право и на европското законодавство . Имињата кои не само што ја оспоруваат историјата, туку и шират иредентизам и ги доведуваат под сомнеж границите, не се прифатени од страна на европското право. “ – му рече Павлопулос на Ердоган.

Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:44
Сања Ристовска

коментари

остави коментар