Народната и универзитетска библиотека чиј патронен празник е празникот поврзан со  Свети Климент Охридски ја одбележа 73 годишнината од своето постоење како вреден трезор на домашната и светската книжевна мисла со над три милиони примероци. За годишнината, владата , министерството за култура, институтот за македонски јазик и НУБ ,, Свети Климент Охридски, на граѓаните им го подаруваат правописниот речник во електронска форма како моќна алатка за правопис на македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет, вели министерот за култура Алаѓозовски.

Во рамките на свеченоста бил направен омаж за 110-годишнината од раѓањето на најдолгогодишниот директор на НУБ ,, Свети Климент Охридски,, Митко Зафировски. Вечерва ќе се одржи и свечена академија а утре во чест на сесловенскиот просветител ќе се додели државната награда ,, Свети Климент Охридски “ за највисоко признание и долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството  заштитата и унапредувањето на човековата околина  и во социјалната дејност од јавен интерес на република Македонија и тоа на: професор доктор Венко Андоновски професор и писател , проф. Др. Наим Алими историчар а наградата во областа на културата и и уметноста им се доделува  на Гарабет Тавитјан, на професор доктор Јордан Плевнеш  и на филмологот Илинденка Петрушева . 


Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:39
Мирјана Трпческа
Обновено во: 15:49

коментари

остави коментар