Министерката Рената Дескоска презентирајќи ја распределбата на пари за следната година најави дека платите на наставниците ќе бидат зголемени за пет проценти.

Се зголемуваат и блок дотациите до општините со цел да се подобрат условите во училиштата.

Вкупниот буџет за Образование “тежи“ 406 милиони евра и е за пет отсто поголем од годинешниот. Министерката прашана за ревизија на учебниците истакна дека сите учебници во кои се забележани, невистинити факти, дискриминаторски содржини и говор на омраза, предрасуди и стереотипи периодов ги проверува комисија во Министерството за образование и наука. Десковска децидна дека ревизијата нема да менува историски факти, туку невистинити.



Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:35
Јулијана Николовска
Обновено во: 15:39

коментари

остави коментар