-      Ветивме во изборната кампања дека цената на водата за пиење ќе ја намалиме за десет проценти. Во меѓувреме ги направивме сите анализи и проекции и дојдовме до сознанија дека за оваа година ние можеме да си дозволиме намалување на цената на водата за пиење за пет,а во текот на наредната година уште исто толку поевтинување на водата за пиење, изјави Благој Бочварски – градоначалник на Општина Штип.

Во меѓувреме, Бочварски изрази оптимизам дека од наредната година и Штип, освен Свети Николе, ќе може да ја користи водата од ХС Злетовица со нејзина претходна преработка за вода за пиење.

-      Досега сме во една истражна фаза, и верувам дека во 2018 година Штип како Општина ке може да ја користи водата од ХС Злетовица. За нас како Општина е од и9нтерес што поскоро да се случи тоа, но откако детално ќе ги скенираме и најдеме решение за проблемите на терен, појасни Бочварски...
Овие решенија претходно се разгледувани во координација со Владата по работниот состанок на пет градоначалници од македонскиот Исток со вице премиерот за економски прашања Кочо Ангушев.



Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:32
Дејан Ефремов
Обновено во: 15:35

коментари

остави коментар