- Одлука на САД го уби мировниот процес и е директна агресија насочена кон нас и кон светите места во Ерусалим. Почнуваме со покренување Интифада кон ционистичкиот непријател, изјави Исмаил Ханија, лидер на движењето Хамас.

Израел трупа војска на западниот брег. Израелците стравуваат од оживување на деценискиот конфликт со Палестинците.
- Знам дека многу луѓе во соседството се гневни. И навистина се плашам од војна. Одлуката на Трамп може да донесе војна, жителка на Тел Авив

- Без разлика дали ќе има насилство, Ерусалим ќе остане главен град на Израел, вели жител на Тел Авив

Вашингтон и денеска смета дека одлуката на Трамп е реална и најави брза дислокација на амбасадата од Тел Авив во Ерусалим. Чешка стана првата земја што им се придружи на САД и го прогласи Светиот град за престолнина на Израел.

- Ги повикувам сите земји да им се придружат на САД во признавањето на Ерусалим како главен град на Израел, изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел
Советот за безбедност за утре најави вонредна седница. Осуди против одлуката на Трамп стигнуваат од сите страни.
- Само со визијата на две држави кои живеат рамо до рамо и со Ерусалим како главен град на Израел и на Палестина ќе се постигне легитимни аспирации меѓу двете нации, вели Антонио Гутереш, генерален секретар на ОН


- Тоа е неприфатлива одлука која ги поткопува мировните напори и ги поништува сите права САД да бидат медијатор во мировните преговори со Израел, вели Махмуд Абас, претседател на Палестина

- Еј, Трамп што сакаш да постигнеш? Па, ти наместо да ги помируваш, ти ги раскаруваш политичарите, а регионот го ставаш во огнен обрач, изјави Реџеп Таип Ердоган, претседател на Турција


- Ова е жална одлука, која Франција не ја признава зашто се коси со меѓународното право и донесените резолуции, изјави Емануел Макрон, претседател на Франција
Израел секогаш го сметал Ерусалим за свој главен град, додека Палестинците  планираа Источниот дел го планираа за престолнина на идната палестинска држава. Сега тој сон практично е прекинат, заради како што вчера појасни Трамп - за доброто на мирот во регионот. 


Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:25
Гоце Герасимовски
Обновено во: 15:45

коментари

остави коментар