На рочиштето сведочеше екс градоначалникот Андреј Жерновски, чие сведочење за Груевски е апсурдно бидејќи тој е директен политички противник.

Во своето сведочење Жерновски истакна дека очигледна била комуникацијата меѓу советниците од ВМРО ДПМНЕ и граѓаните кои протестираа пред Општината. Тој потсети дека протестите се одржувале за време на закажаната седница кога било предвидено да се поништат  Детални урбанистички планови, кои се однесувале на нови објекти, а не за црквата св. Константин и Елена.

Обвинителката Фетаи по завршувањето на рочиштето изјави дека е задоволна од исходот на рочиштето со оглед дека конечно започнала главната расправа.

Судот обезбеди денешното рочиште да се снима со две камери, меѓутоа адвокатите на обвинетите побараа судијката да ги повика странките да ги потпишаат записниците од претходните рочишта, со образложение дека ако не се потпишат тогаш нема основ да се продолжи судењето бидејќи нема валидни записници.


Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:24
Михаела Димовска
Обновено во: 15:40

коментари

остави коментар