„Предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во република Македонија во врска со изјавата на поранешниот српски министер за надворешни работи и претседател на народната партија во република Србија, Вук Јеремиќ. Изјавата се однесува на наводно перење пари во република Србија од страна на високи македонски функционери и нивната поврзаност со физички и правни лица од Србија и Чешка“, велат од Основното јавно обвинителство.

Јеремиќ, во интервју за српската ТВ Наша обвини дека преку продажбата на фабриката „14 октомври“ од Крушевац се извлекувале валканите пари од Македонија. Фабриката тврдеше Јеремиќ  била купена од чешки конзорциум, без јавна лицитација преку директна спогодба.



ВМРО-ДПМНЕ ги демантираше обвинувањата. во соопштението пишуваше дека ниту претседателот Никола Груевски ниту Сашо Мијалков немаат никаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија, ниту пак извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми.




Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:19
Соња Поповска Петрушевска
Обновено во: 15:50

коментари

остави коментар