Поради ваквата состојба во некои од училиштата функционираат паралелки со по 5 до 7 ученици, што е далеку под пропишаниот законски минимум, велат од Советот на општина Битола, посочувајчи дека такви паралелки се дозволуваат, но тоа не е решение на проблемот. Загрижувачка е состојбата во основното училиште Гоце Делчев и во средното училиште Таки Даскало.

Покрај во намалениот наталитет, причините лежат и во исселувањето, проблематика која битолскиот писател Панде Манојлов ја истражувал во последните неколку децении.

Од Советот на општина Битола посочуваат дека додека намалувањето на бројот на ученици порано беше карактеристичен проблем за селата, сега се повеќе станува реалност за градските средини. Ваквиот проблем велат дека може да се реши само со подобрување на условите за живот и работа со цел младите да останат во земјата.


Датум на објава: четврток, 07 декември 2017 во 15:17
Анета Шијакова
Обновено во: 15:44

коментари

остави коментар