За ужасот да биде поголем , другиот син на Радован , кој најверојатно бил сведок на убиството , има тешко психичко пореметување.
Жителите на малото Босанско гратче Приједор знаеле за честите кавги во куќата на 72 годишниот Радован . Веќе два месеца не го виделе неговиот 44 – годишен син Душан , а на прашањето каде е , Радован одговарал дека не го видел .

Тој телото го скрил на горниот кат во куќата , во ходникот , каде го полил со вар за да не се чуствува непријатен мирис .

Вчера , еден од соседите сакал да влезе во куќата за да позајми пари , кога убиецот се испречил и не го пуштил да влезед .

Соседот пријавил во полиција , по што било откриено убиството . Братот на убиениот  е однесен во душевна болница , а таткото во затвор .

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 22:10
www.kanal5.com.mk
Обновено во: 09:56

коментари

остави коментар