Во опасност е еден од најскапите имоти , Музејот Гети , проценет на 4,2 милијарди долари . Вработените во музејот се обидуваат да спасат колку што можат од една од најбогатите збирки на уметнички дела во светот. Затворени се вратите и прозорците на највредниот имот на патот на пожарот .

Огнот се шири и кон луксузните вили на богатите Американци , меѓу кои и Руперт Мудрок, Харисон Форд, Гвинет Палтроу , Гизела Бундхен и Том Брејд.

Евакуирани се и скапите имоти на во кањонот Мандевил , а затворен беше и главниот автопат.

Имотот на познатата манекенка Џери Хол , заедно со винаријата се веќе во пламен . Вработените биле евакуирани , а колкав дел од имотот е зафатен , се уште не се знае . 

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 21:16
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар