САД ја потсети Србија на обврската за апсење на членовите на Српската радикална партија Петар Јојиќ и Вјерица Радета. ,, Ја повикувама Владата на Србија да соработува со механизмот на Меѓународните кривични судови и да изврши налози за апсење“ , рече претставничката на САД на седницата на Советот за безбедност на ОН , на која беше разгледуван последниот извештај за работењето на Хашкиот трибунал .

Министерката за правда на Србија Нела Кубуровиќ на ова одговори дека трибуналот спроведувал ,,селективна правда “ .
Таа го аргументираше своето тврдење преку фактите дека од вкупно обвинетите 161 лице , 109 биле Срби , 33 Хрвати , 10 Бошњаци, 7 Албанци и двајца Македонци . Правосилно се завршени постапките против 156 лица. Над 70 проценти од нив биле Срби , 19 проценти Хрвати , 6 проценти Бошњаци , а само два процанта Албанци .

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 20:53
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар