Агенцијата на Обединетите нации за деца предупреди дека 17 милиони бебиња се под ризик , поради штетните последици од загаденоста на воздухот врз развојот на нивниот мозок .
Најпогодени се бебињата во Јужна Азија , каде 12 бебиња се изложени на загаден воздух шест пати над максималните вредности . Другите 4 милиони се од областа на Источна Азија и Пацификот.
Од УНИЦЕФ предупредуваат дека дишењето загаден воздух може да го оштети мозочното ткиво и да го намали конгенитивниот развој . Тоа предизвикува намалување на говорната и неговорната интелигенција и паметење , со намалени резултати при тестирањето на училишна возраст , како и други невролошки пореметувања .
,, Со се поголемата урбанизација и без воведување адекватни мерки за заштита од загаденоста на воздухот , бројот на деца под ризик секоја година ќе биде поголем “ , се наведува во анализата на УНИЦЕФ.

Од таму препорачуваат што позастапена употреба на заштитини маски ,системи за филтрирање на амбиенталниот воздух ,  а децата да не излегуваат на отоврено во време на сообраќајните шпицови . 

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 18:57
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар