Групата која стои зад откривањето на скандалот со сексуално вознемирување , што почна со продуцентот Харви Вајнштајн и се уште го тресе Холивуд , е прогласена за највлијателна во изминатата година .
Тие ја добија престижната титула  пред Американскиот претседател Трамп и Кинескиот претседател Кси Џинпинг. Истата група стои зад откривањето на сексистичката изјава на претседателот Трамп , снимена во 2005 , а емитувана непосредно пред претседателските избори во САД. 

Во соопштението на магазинот Тајм е објаснето дека групата е прогласена за највлијателна личност во  2017 година, врз основа на мислењето на  уредниците кои сметаат дека активностите на групата најмногу влијаела  врз  вестите во 2017.

Втор на листата е претседателот Доналд Трамп. Тој неодамна , кога бил контактиран како можен победник, иразил презир кон ваквата титула , иако лани истиот магазин го прогласи за највлијателен човек на планетата. 

На трето место е Кинескиот претседател Кси Џинпинг , кој во октомври го достигна  истиот  статус како основоположник на кинеската Комунистичка партија, како легендарниот Мао Цетунг.Кси останува на чело на државата и на парттијата и во наредните пет години .

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 18:40
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар