Благодарејќи на малите роботизирани подморници, научниците успеале да уловат неколку риби на длабочина од 7.966 метри, за да ги анализираат по прв пат.

Истражувачите се надеваат дека анализите ќе откријат како овие риби успеваат да преживеат на тие длабочини, а научниците од Универзитетот во Вашингтон спровеле и анализа која открила што последно јаделе овие риби.

Рибите од видот Pseudoliparis Swire, наречени се по Херберт Свајер, офицер на бродот HMS Челинџер, кој прв го открил Маријанскиот ров.

Ривите инаку живеат на длабочина каде притисокот е 1000 пати поголем отколку на површината на морето, а научниците тоа го споредиле со чувството слон да ви застане на палецот.

Најголемата длабочина на која ги пронашле изнесувала 8.178 метри, што е за 20 метри над границата која се смета дека е можно нормално да функционираат ќелиите.

Една од предностите на животот на тие длабочини е што нема природни непријатели.

Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 16:35
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар