Безбедносните камери во приградската населба Мурабин, во Мелбурн , Австралија забележаа невообичаен грабеж . Маж , маскиран со чорапи и во црна шамија , го откорнал хидрантот за да ја скрши вратата од секс продавницата . Откако влегол , по кусо време камерата регистрирала дека излегува со кукла за возрасни ,, Дороти “ и бега со комбе. Цената на овој најнов модел кукла е 4 500 долари .

Куклата е изработена од специјален материјал што ја имитира човечката кожа. Куклата е висока 168 см и тешка околу 50 кг .

Полицијата во Мелбурн не соопштува дали е украдено уште нешто од продавницата , но затоа има телефон за да се јави секој што го видел крадецот . 


Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 16:02
www.kanal5.com.mk

коментари

остави коментар