Британската тајна служба ми-6 верува дека уапсените подготвувале заговор да ја убијат Тереза Меј и да фрлат бомба на седиштето на британската влада.

Планот подразбирал осомничените да користат бомба скриена во кеса, со која требало да ја разнесат вратата на Даунинг стрит и така да влезат во резиденцијата на британската премиерка, која потоа планирале да ја избодат со ножеви.

Според Индепендент, осомничените се уапсени минатата недела за време на рациите во Лондон и Бирмингем и се обвинети за кривично дело тероризам.

Планот за заговор му е соопштен на кабинетот на Тереза Меј, дури вчера во вторникот, а го пренесе самиот шеф на МИ6 Ендрју Паркер.


Датум на објава: среда, 06 декември 2017 во 15:28
Гоце Герасимовски

коментари

остави коментар